Откако досегашните мерки не вродија со плод, Ј.П. „Охридски Комуналец“ неодамна формира еко-патрола која ќе има за цел да ги лоцира жешките еколошки точки во градот и да ги открива загадаувачите на животната средина.


Комуналец со еко-патрола ќе воведува ред

Неодамна таква акција беше спроведена на ул. „Железничка“, каде како што соопштија од Комуналец, било констатирано девијантно однесување на текстилните погони лоцирани наспроти бензинската пумпа „Таци“. По  интервенцијата на екипи на јавното комунално претпријатие оваа мини депонија е расчистена, но слични на неа постојат на многу локации во градот. Со цел елиминирање на ваквата слика Комуналец неодамна ги активираше  телефонските броеви 046/ 265-353; 263-325, на кои граѓаните можат да ги пријавуваат ваквите случаи.

ohridnews