На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ во организација на Младински Центар Охрид.
На базарот ќе можете да најдете и да продавате облека од втора рака, рачно изработени сувенири, книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки. Креативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот. Сè уште има место за учество. Доколку сакате да продавате и да ја поддржите оваа иницијатива, пријавете се, велат од Младински Центар.
Потенцираат дека сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Петар, кој има ретка болест и му се потребни за итни и сложени операции во Истанбул.
Да му дадеме уште една шанса за подобар живот, порачуваат.
Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.
Сите заинтересирани за учество може да се пријават на линкот.
OhridNews