По повод празникот на Царината, 14 април, кој оваа година се совпаѓа со одбележување на јубилејот 30 години Царинска управа, службениците на граничните премини под надлежност на Царинарница Битола, засадија дрва на граничните премини во регионот и реализираа крводарителска акција во соработка со трансфузионите центри во поголемите градови.
Еко акции се спроведоа на граничните премини Ќафасан, Св. Наум, Блато, Меџитлија и Стење.
Во еко акцијата на граничните премини во регионот се вклучија колеги од царинските служби од соседните држави, претставници на гранична полиција и царински службеници од испоставите, се наведува во информацијата.
OhridNews