Екипата на ohridnews денеска на пладне на плажата пред хотелот „Славија Спектар“ организира еко хепенинг за заштита на плажите од загадување.

Хепенингот е дел од кампањата за заштита на плажите на охридското крајбрежје од цврст отпад која е поддржана од Министарството за животна средина и просторно планирање.

Еко хепенингот ќе биде пренесуван во живо на охридското „Супер радио“ во периодот од 12-13 часот.

Водител на забавата е познатиот шоумен Жанко Зш Голабоски, а во отворената програма ќе бидат вклучувани и посетители на плажата во Славија.

Покрај еко хепенингот екипата на ohridnews неодамна на десет најфреквентни плажи од Студенчишта до Свети Наум постави информативни табли со едукативна содржина испишани на македонски и англиски јазик. Изработени се и аудио и видео спотови кои можат да се чујат, односно видат на Супер радио и НТВ.

Целта на кампањата е да се влијае на свеста на граѓаните да се намали загадувањето на плажите и да се иницира поголема активност на институциите во заштитата на ова природно богатство.

ohridnews