По јубилеен десети пат во Охрид денеска започна телевизискиот ЕКО фестивал.

Годинава на ЕКО фестивалот во конкуренција ќе бидат прикажани 25 телевизиски филмови од областа на заштитата на животната средина од 12 држави. Ќе биде доделена традиционалната награда Гран при на фестивалот за најдобар филм, како и наградите за најдобра режија, сценарио…

На јубилејното издание на фесивалот учество ќе земат и победниците од претходните девет години.

Организатор на фестивалот кој има за цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина е Македонската радио телевизија.

Ohridnews