Првиот ден од пролетта членовите на здруженијата  “ЕВЛА 2009“  и  “РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА” го искористија за еко-акција во Елшани. 


Елшанци масовно  ги посетија градините, нивите и лозјата, а дел од членовите на овие две здруженија, заедно со неформалната еко-патрола поминаа низ селото да зачистат, да заштитат и да едуцираат со еко-акција и еко-совети. Во акцијата се вклучија и помладите жители на Елшани, а организаторите најавија помасовна еко акција за Велигден.


По повод 21 март – Денот на пролетта и денот на екологијата, ОУ „Дебрца“, денеска организира Зелен марш под мотото „Имаме право да растеме во здрава животна средина“.

Маршот ќе започне на пладне од селото Мешеишта. Ќе учествувааат ученици, наставници, родители и личности од јавниот живот на општина Дебрца.

Зелениот марш е дел од активностите што ОУ „Дебрца“ ги презема за развивање на еколошката свест на населението во општината.

OhridNews