ЕКО Центарот „ Виа Игнација„ во соработка со ОУ Христо Узунов од Охрид од 01.05 до 03.06.2008 во рамки на еколошката секција при училиштето организираа низа активности во насока на подигнување на свеста на младите за заштитата на животната средина.


Во рамки на активностите се организираше еколошка настава, како и повеќе еколошки акции и манифестации. Младите своето знаење од областа на животната средина го презентираа на квизот по Екологија, а креативноста преку изработени трудови на еколошки теми кои беа презентирани  на посебна изложба. Исто така испечатена е и брошура во која се опфатени активностите на младите екологисти. На овој начин екологијата им беше доближена на младитете кои навиките за однесувањето кон животната средина ги стекнуваат на школска возраст.


еко-активности на основците од ОУ „Христо Узунов“

Ohridnews