Под мотото „Засади дрво, засади живот“ иницијативата „Збогум Буково“ ќе реализира уште една еко акција. Овојпат ќе се садат садници позади спортскиот комплекс „Билјанини извори“.
Ристо Климоски, магистер по шумарство, донираше над 100 садници зимзелени дрвја кои ќе ги посадиме позади спортскиот комплекс “Билјанини извори” оваа недела. Одберете една, две, три или повеќе причини и дојдете засадете едно, две, три или повеќе дрвца!, велат од „Збогум Буково“.
Посочуваат на важноста на урбаното зеленило за населението, животната средина и општеството. Акцијата ќе се реализира во недела, 16-ти февруари, со почеток во 11 часот.
Претходно, дел од тимот на „Збогум Буково“ посади 14 садници на див костен во слободните предвидени места за дрвца во дрворедот на улицата „АСНОМ“ во Охрид.
OhridNews