Под мотото Чистиме денес, за одржливо утре!, а по повод Денот на Охридското Езеро, на 20-ти јуни, четврток, ТАВ Македонија ќе реализира корпоративна еко-акција – тим на аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид долж брегот на Охридското Езеро.
Како општествено одговорна компанија и како компанија што се грижи за животната средина и одржливоста во целокупното работење, со акција за собирање отпад долж брегот на Охридското Езеро, во реонот кај вливањето на реките Грашница и Даљан во Охридското Езеро, аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ќе придонесе за зачувување на природните убавини и промовирање еколошка свест, велат.
Eко-акцијата, додаваат, е поддржана од Општина Охрид.
OhridNews