Италијанското министерство за здравство им забрани на екипите да стартуваат со тренинзи. Првично беше најавено дека од 4 мај фудбалерите ќе можат да тренираат индивидуално, а од 18 мај да стартуваат во групи. Министерството за здравство Виченцо Спадафора истакна дека многу конфузија и недоразбирање внесле пишувањата на италијанските медиуми.

Видов некои чудни работи во медиумите, но ништо се нема сменето околу одлуката за фудбалските тренинзи – тимските тренинзи можат да продолжат на 18 мај, а уште не сме разговарале за рестартирање на сезоната. Засега, се извинувам, но сакам да се фокусирам на другите спортови и комплекси (фитнес центрите, базените и така натаму), кои мораат да се отворат што е можно побргу. – изјави Спадафора.

Натпреварите во Серија А беа прекинати откако во тимот на Јувентус беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот. Тоа беше дефанзивецот Даниеле Ругани.

OhridNews