Од ЈП Нискоградба информираат дека нивните екипи  денес изведуваа повеќе активности, со цел подобрување на калитетот на живеење на жителите на општина Охрид.

Се работи на чистење на шахти за одведување на отпадни води во училиштето во населбата Далјан, санирање на улицата „Пере Тошев“, приклучување на објекти на системот за одведување на отпадни води и уредување на просторот на  раскрсницата кај чинарот во Горна Влашка мала,при што се врши поставување на фонтана и клупи.

OhridNews