36. Европски клупски куп (ЕКК) за мажи и 25. ЕКК за жени се одржаа во Струга. Одиграни беа 7-те кола од кои беа прогласени и новите клупски шаховски прваци на Европа за 2021 година, машката руска екипа на Медни Всадник и женската руска екипа на Јужен Урал.

Медни Всадник, кој е рангиран втор на ЕКК, го освои златото со 13 бода (29,5 поени по табли), среброто му припадна на чешки Нови Бор (3) со 12 бода (27,5), додека бронзата на азербејџански Вугар Гашимов (9) со 11 бода (28,5). Македонскиот првак Алкалоид (рангиран прв тука), заврши осми со 9 бода (29,5), Прилеп е 14-ти со 8 бода (19,5), Гамбит асеко СЕЕ е 23-ти со 6 бода (19,5), а Гостивар 32-ри со 4 бода (14,5), во конкуреција на 38 европски екипи.

Во женска конкуренција, славеше треторангираниот на ЕКК, руски Јужен Урал, со максимални седум победи, односно 14 екипни бода, а 22 по табли, додека втор е Монте Карло (1) со 11 бода (19), а трет украински ГРЕКО (2) со 10 бода (18). Следат австриски Баден (6), кој е четврти со 9 бода, петти е Куманово (8), со 4 бода (7,5), шести словенечки Тајфун (7) со 3 бода (9,5), колку што има и Алкалоид (4) на седмото место (11), додека осми, последен е МШК Центар со 2 бода (10 по табли).

OhridNews