Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во Стариот дел на градот, реагираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Проблемот е доста комплексен и првично треба да проработи свеста кај секој нас поединечно. Напоменуваме дека Стариот дел на градот е од исклучителна важност со оглед на тоа што поседуваме културно-историски споменици од непроценливо значење… Опасноста од блоковски пожари на овој потег е голема имајќи ја предвид збиеноста на објектите, неможноста за брзо и ефикасно интервенирање и сл.., велат.

Воедно ја оценуваат загрозеноста во овој дел од градот како високо ризична.

OhridNews

фото. ТППЕ Охрид