На хуманитарнот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“ што  се одржува во спортската сала „Билјанини Извори“, синоќа се одиграа полуфиналните средби.

Во првото полуфинале Инекс Олгица Хотел и СПА ја совлада екипата на Гостилница кај Мече одиграа со 3:2, додека во второто полуфинале Провелд Волино –  АСП ПАК заврши со резултат 1:3. Победниците ќе се сретнат во финалето на турнирот „Ohrid Freed“ кое ќе се одигра денес во 21:00 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ во чест на ослободувањето на Охрид, информираат организаторите.

Еден час порано, од 20 часот, ќе се одигра натпреварот за трето место помеѓу екипите на гостилница кај Мече и Провелд Волино.

OhridNews