Составот на Воска Спорт не планира да игра епизодна улога во дебитанската сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Клубот од „Грашница“ составува одлична екипа, а скроен е планот за контролните средби во текот на подготовките.
Избраниците на тренерот Раде Цицмиловиќ контролните средби ќе ги отворат на 22 јули против второлигашот од истокот Братство Житоше. Три дена подоцна Воска Спорт ќе се сретне со Борец, а на 31 јули со Македонија Ѓорче Петров. Фудбалерите на Воска на 4 август ќе се судрат со Кораб, а потоа следуваат мечевите со Тетекс (8 август), Охрид (11 август) и Победа (14 август).
Новата сезона во второлигашката конкуренција стартува на 21 август. Екипите учеснички се познати, но се уште не е извршена ждрепка за првата рунда и тековната сезона.