Опасноста од поплавување на куќите на улицата Ариф Мустафа е избегната со навремено ангажирање и интервенирање на службите и механизацијата на ЈП Охридски Комуналец., соопшти јавното претпријатије.


Покрај излевањето на реката Грашница која поплави дел од дворовите на оваа охридска улица , изминативе денови поради излевање на Скребатска и Коселска река, поплавени беа и голем дел од обработливите површини во селата Лакочерај и Орман, како и делови од населбата Радојца Новичиќ.


– Ситуацијата со излевањата на реките во охридско за сега е ставена под контрола.  Имавме евидентирано поплави на повеќе места по течението на неколку реки, но со навремена интервенција спречени се поголеми катастрофи, односно поплавување на стамбени и семејни објекти. Нашите служби постојано се на терен и будно ја следат ситуацијата.-изјави Сашо Алче, директор на ЈП Охридски Комуналец.


Тој наглеси дека причината за излавањето на реките покрај надојдената вода е и ненавременото чистење на каналите за наводнување. Жителите на загрозените населби и села велат дека им останува надежта дека врнежите ке престанат, надојдените реки и подземните води ке се повлечат.

Ohridnews