Од утринските часови се мобилизирани дежурните екипи од сите оперативни работни единици и веднаш се излезе на терен. Се интервенира според програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата, информира ЈП „Охридски Комуналец“.

Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места (с. Велестово, нас. Исток, с. Елшани, населба ,,Гоце Делчев” – Бараки, Стар град), главните прометни сообраќајници и улиците во централното подрачје, соопшти „Охридски Комуналец“.

Во расчистувањето освен сопствена механизација и работници се вклучени и екипи на ЈП „Нискоградба“. Се интервенира и на пешачките
зони, тротоари и пристапните патеки од висок приоритет.

 

Снегот се отстранува машински, а во исто време се интервенира со абрзивни средства. За да се обезбедат неопходните услови за безбедно движење на возила и пешаци, екипите остануваат во мобилна состојба во текот на целиот ден со цел да се опфати и поширокото градско подрачје и населени места, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

РЦУК – Охрид, известува дека состојбата на територијата на Општина Охрид во моментот е редовна. Сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози во зимски услови.

OhridNews