Една стјуардеса од компанијата Аир Индија, која била на летот од Обединетите Арапски Емирати до Њу Делхи, го обвинила пилотот за сексуален напад. Одеднаш настанала масовна тепачка на целиот екипаж, вклучувајќи го и пилотот. Пред околу 100 патници летале раце, нозе и безбројни навреди.


Во еден момент авионот летал без пилот, а еден од нив запретил дека ќе го одведе авионот во Пакистан. Стјуардеса и копилот се полесно повредени, а два пилоти и два члена на екипажот се суспендирани. Од управата на компанијата го испитуваат случајот, а за среќа сите патници се добро.