Екипажот на кинеската вселенска мисија „Шенжу-16“, составен од тројца астронаути, безбедно се врати на Земјата по завршувањето на петмесечната задача на Кинеската вселенска станица (КВС), објави Кинеската вселенска агенција (КМСА).
Капсулата за враќање на космонаутите Џинг Хајпенг, Жу Јанџу и Гуј Хајчао, се спушти на местото на слетување „Донгфенг“ во севернокинеската покраина Внатрешна Монголија. Астронаутите се во добра здравствена состојба. Мисијата е оценета како успешна, пренесува британски „Сан“.
Кина, вселенска капсула
Оваа мисија постави солидна основа за последователниот развој на програмата за вселенски летови со екипаж и идните експерименти и потфати, според КМСА.
Кина го лансираше вселенскиот брод на 30 мај годинава. Ова е првата мисија со екипаж во фазата на градење и развој на новата КВС. Екипажот на бродот, кој остана 154 дена во Земјината Орбита, спроведе вкупно 70 вселенски експерименти, изврши излегување во Вселената, одржа предавање од КВС и во неколку наврати изведе преместување товар.
OhridNews
фото. МИА