Wizz Air, најави дека од 1 мај воведува дополнителни мерки за хигиена за да обезбеди здравје и благосостојба на своите патници и членови на екипажот.
Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи, во согласност со владините регулативи–да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.
Употребата на киосците за самостојно оставање багаж, таму каде што е достапно, и брзите траки за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.
Додека ХЕПА филтерите на сите авиони на Wizz Air филтрираат до 99.7% од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот. Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците.
Од Wizz Air информираат дека ќе продолжат со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства. За да го сумираат новиот протокол, Wizz Air објави видео каде што ги објаснуваат новите мерки. Видеото можете да го погледнете ТУКА.