Екипата на маркет Вилинец триумфираше на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2013. Во финалето пред преполни трибини Вилинец славеше над Кадмо со 4:0. Стрелци на головите за шампионот беа Лолески (2), Делчески и Речкоски.
Победникот на турнирот инкасираше 70.000 денари.
Во малото финале Бел Мерцедес ја совлада екипата на Вис Пој со 3:0.
За најдобар играч на турнирот беше избран Гоце Толески од екипата на Кадмо, а за надобар голман беше прогласен Димитар Карамачоски од Вилинец.
На турнирот учествуваа 43 екипи. Организаторите до година најавуваат помасовен и побогат турнир.
OhridNews