Екипата на Инекс Олгица Хотел СПА е победник на втвториот хуманитарен турнир  во мал фудбал Futsal Ohrid Freed што се одржа во Спортската сала Билјанини Извори во чест на ослободувањето на Охрид од Фашизмот, во организација на јавното претпријатие и Општина Охрид.

Во финалето екипата на Инекс Олгица Хотел СПА во драматичен меч го совлада минатогодишниот победник АСП ПАК. Во регуларното време резултатот беше 2:2, промени немаше и по проделженијата  2×5 минути, а во пенал серијата фудбалерите на Инекс Олгица Хотел СПА славеа со 4:2.

Во натпреварот за трето место, екипата на Гостилница кај Мече ја совлада екипата на Провелд Волино со резултат 2:0.

Организаторот упати благодарностдо учесницитена турнирот: Кафе бар 9 Струга, Провелд Волино, Рек Битола, Гостилница кај Мече, АСП ПАК, Костал Македонија, Магна, Инекс Олгица Хотел и СПА, ЈП Водовод Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Охридски Комуналец, Општина Охрид, Бел Мерцедес, ЈП Колекторски Систем, ОДВ Електрик и ЛТХ Леарница, како и до до Лабино Саунд Мики и Пирузе, Охридњуз, диџеј Данко и диџеј Реџи Рулс.

 

Собраните средства организаторите ги донираа на Бојана Бонеска, Здружение на лица со дијабет тип 1 Охрид и Здружение за ретки болести “Ретко е да си редок”

Се гледаме наредна година во исто време здрави и живи во уште поголем број со повеќе собрани и донирани средства. – порачаа организаторите.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А.Момироска