Екипата на Еурофарм Пелистер 2 е новиот предизвик во првенството за ГРК Охрид. Денес љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во дуелот на две екипи со високи амбиции. „Гладијаторите“ ветуваат голема борба, а победата е императив.

Против Еурофарм Пелистер 2 очекувам добар натпревар. Се работи за млада и брза екипа која е еден од фаворитите за пласман во пеј-оф во нашата група. Но, нас победата ни е императив. Ќе дадеме се од себе да им се оддолжиме на навивачите за лошата претстава на првата средба како домаќини, вели бекот Рудолф Сафранко.

Екипата на Пелистер 2 составена е од млади дечки желни за докажување на теренот, има доста добра транзиција која мора да се застане за да се добие овој натпревар, вели капитенот на ГРК Охрид Иван Тасески.

Исто така, мора да одиграме доста добро и во одбрана, нивните брзи играчи да ги стопираме за да извојуваме победа. Ги повикувам охриѓани и навивачката група „Рибари“ да дојдат во што поголем број да ни дадат поддршка и да извојуваме победа на овој натпревар, додава Тасески.

Натпреварот се игра во сабота, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18.30 часот.

OhridNews