Екипата на АСП ПАК го освои 26 турнир во мал фудбал „Богородица куп“. Во финалето што се одигра вечерва во Волино пред полно гледалиште, АСП ПАК ја совлада екипата на Брумел со 2:1.

Наградниот фонд на турнирот годинава изнесуваше 250 000 денари, а победникот освои 140 000 денари. Парични награди освоија второпласираната, третопласираната и четвртопласираната екипа.

За најдобар стрелец на турнирот прогласен е Мишо Ѓорѓиевски , додека наградата најдобар голман отиде во рацете на Јанче Јанчески. Наградата за најдобар играч Зоран Митрески – Бутрагењо му припадна на Никола Угриноски.

Претходно во натпреварот за 3 место екипата на Ресторан Станица и Викса Пром ја совлада екипата на Сатеска со 3:2 на пенали.

Фото галерија:

OhridNews

Фото:А.Момироска / Б.Стојаноски