Екипата на АСП ПАК го освои турнирот во мал фудбал во Велгошти и оваа година, совладувајќи ја во интересно финале  екипата на Кафе бар Лавадо од Враништа со 3:2.

Победата играчите на АСП ПАК ја посветија на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, Јован Стојаноски.

Победата на турнирот во мал фудбал ,, Велгошти 2023” ја посветуваме на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски. Како голем љубител и поддржувач на спортот, му оддаваме должна почит на денот на неговиот роденден, со секојдневно потсетување на неговиот лик и дело. Вечна му слава. – истакнаа од екипата на АСП ПАК.

Г.М.