Во новата епизода на “Имам нешто да ти кажам” гостува дел од екипата на Независна Аматерска Театарска Група „Аматер“ од Охрид, а тема најновата театарска претстава “Се до Полноќ“, која ќе биде оремиерно изведена вечерва во Центарот за култура во 20 часот, а која говори за иселувањето на младите од Охрид.
Се разговара за ентузијазмот на младите во уметноста во Охрид, условите и начинот на подготовка, емиграцијата на младите од Охрид во потрага по подобар живот надвор од земјата, што е потребно за Охрид да ги задржи младите во својот град и својата држава…