Мисијата на Европската Комисија во јуни ќе ги соопшти заклучоците за спроведувањето на визната либерализација од страна на Македонија, по што ќе се знае дали ќе се превземаат мерки во врска со ова прашање, најави евроамбасадорот Петер Соренсен.

„Засега не можам да коментирам. Има набљудувачка мисија која ја проценува состојбата овде и во целиот регион. Не сакаме да излегуваме со никакви заклучоци пред да видиме што тие ќе кажат. Колку што знам, во јуни ќе го завршат својот извештај и тогаш ќе се навратиме на ова прашање“, изјави Соренсен.

 
Преставници од Европската Унија веќе предупредија дека Комисијата може да превземе одредени мерки против Македонија и Србија поради бранот лажни азиланти што се појави по укинувањето на визите, за влез во земјите од Шенгенскиот договор.

OhridNews
извор: Makfaks