Едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга ќе добие дом на ново место и повторно ќе им се врати во функција на стружани, откако стариот изгоре до темел заедно со комплетната опрема. Информацијата ја потврди директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
Верувам дека овој клуб повторно ќе го врати вистинскиот сјај, некаде за околу дваесеттина дена, најдоцна еден месец, повторно ќе биде ставен во функција. Едно ново место кое ќе функционира уште подобро. Граѓаните и спортистите кои учествуваа во граденњето на овој клуб , обновениот „Снегар“ ќе продолжат да го користат со уште поголем интензитет. – изјави Каевски, а пренесува Strugaonline.
Каевски во своето обраќање упати апел до граѓаните, да се однесуваат грижливо со ваквите објекти за да нема немили настани во иднина. Тој ја изрази својата убеденоста дека ќе има истрага за причините за пожарот во кој изгоре домот на едриличарскиот клуб.
Каевски ги информираше граѓаните дека нема потреба да се донира за Снегар, односно дека целосната реконструкција ќе падне на товар на Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт донесе уште една добра вест, за тој изјави дека документацијата за обнова на базенот во Струга веќе е во завршна фаза. До крајот на овој месец Владата ќе ја потврди информацијата за средствата кои Агенцијата за млади и спорт ќе ги одвои за базенот.
OhridNews
Извор: Strugaonline
Обновено+фото: Пожар го проголта хангарот на Едриличарскиот клуб во Струга