Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека протекувањето на гасоводот во гасоводот „Северен тек“ во Балтичко Море е „чин на саботажа“.
Со данската премиерка Мете Фредериксен разговарав за чинот на саботажа на „Северен тек“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да се расветлат настаните и нивните причини. Секое намерно нарушување на активната енергетска инфраструктура во Европа е неприфатливо и ќе резултира со најсилен можен одговор, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
OhridNews