Европската комисија попладнево на маса стави нов план за ЕУ кибер одбрана во контекст на руската агресија врз Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со ваква нова кибер одбранбена политика ЕУ би ги зајакнала соработката и инвестициите во оваа област за подобро да се заштити од нападите.

ЕУ стравува од напади врз нејзината клучна инфраструктура како енергијата, транспортот и од ризикот за воените како и за цивилните цели. Соработката меѓу воениот и цивилниот сектор би се зајакнале и би се поттикнало кризно управување во доменот на кибер одбраната, истовремено засилувајќи ја европската технолошка и индустриска база во одбраната.

Акцискиот план има четири главни столбови.

Едниот е соработка и координација меѓу сите чинители, цивилни и воени, и зголемена размена на информации. Вториот е заштита на целиот екосистем на ЕУ одбраната вклучително и некритичните софтвер компоненти кои можат да бидат искористени за напад врз влади и врз одбранбениот сектор.

Третиот столб е инвестиции во капацитети, зголемено инвестирање во модерни воени капацитети. Последниот столб е соработка со партнерски земји.

Планот ќе им биде презентиран на земјите членки од кои се очекуваат дополнителни придонеси и сугестии.

OhridNews