„Европската комисија го повлече санитарното предупредување за шпанските краставици од Алмерија, издадено минатиот четврток по објавувањето на погрешното известување на германските власти“, се наведува во соопштението на шпанското министерство за здравство што го пренесува АФП.
Според соопштението, европскиот комесар за здравство Џон Далли за оваа одлука ја известил шпанската министерка за здравство Леира Пахин во телефонски разговор.
Одлуката е „важен чекор во што побрзата нормализација на шпанскиот земјоделски сектор“, се наведува уште во соопштението.
извор: „Макфакс“