Едриличарскиот клуб Бофор на вонредното собрание донесе одлука за раскинување на договорот за спонзорство со комапнија Амак СП, а управниот и надзорниот одбор се разрешени и поставени се нови членови.


Додавката на спонзорот се трга од името на клубот и направени се одредени промени во статутот на клубот со цел да е во склад со новиот закон за спорт. За преседател на управниот одбор е назначен Стефан Ставрев.


Под името ЕК Амак СП – Бофор клубот триумфираше на последните пет Илинденски регати кои во чест на големиот празник се организираат на Охридското Езеро.

Ohridnews