Да престанат протестите и да се остават македонските власти да го решат петкратното убиство што се случи кај Смилковци, побара Европската комисија(ЕК), јавува „Макфакс“.
„ЕК има чиста позиција во врска со овие протести, а тоа е нашето барање истите да престанат и да се остават одговорните лица во Македонија на мир да го завршат процесот на истрага и лицата што го извршија тоа грозоморно убиство да одговараат соодветно според законите на земјата“ изјави портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петар Сано.