Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од ЕУ ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира.

Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка, рече Фереира на 8-от кохезиски форум во Брисел посветен на кохезиона политика.

Сега работиме на репрограмирање на тие пари за да и помогнеме на прекуграничната соработка со Украина, за да и помогнеме да го реши својот проблем, додаде Фереира.

Европската комисија би можела да ги искористи парите што ги запре за Русија и Белорусија за да се грижи за бегалците од Украина.

Фереира рече дека Европската комисија моментално работи на „техничко ниво“ за да ги пренасочи тие средства „што е можно поскоро“.

OhridNews