Музафер Ејупи е најновото име во тимот на скопски Метарлуг. Младинскиот репрезетнативец Ејупи кој доаѓа од Вардар е играчот кој треба да му даде убоитост на нападот и да отвори повеќе опции на “шефот“ Тасески во офанзивата .
– Очекувам уште подобар пласман и преку натпреварувањето од македонската лига да излеземе во Европа, Со поголемиот дел од играчите имам играно заедно, а со тренерот Тасевски работев во Вардар така што добро се познаваме и нема да имаме никаков проблем со адаптацијата во новиот тим– вели Ејупи кој вчера го имаше првиот тренинг со новата екипа.
Металруг го финализираше и трнасферот на Јовановиќ кој доаѓа од прилепска Победа. Дефанзивниот играч за врска треба да го зајакне средниот ред.
– Неколку дена тренирам со екипата и имав еден настап против Инџија, ќе се обидеме да го задржиме 3 место на табелата, но и да се обидеме да го стигнеме Работнички – рече Јовановиќ кој одигра половина час во натпреварот со Инџија кој Металруг го доби со 2-0.
Наредниот натпревар на подготовките во Охрид, Металург го игра денес против српскиот прволигаш Сартид од Смедерево. На подготовките во Охрид досега Металург одигра два натпревари, ја победи Инџија 2-0, а ремизираше со Силекс 1-1.
фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com