Ејми Вајнхаус поради симптоми на грип се нашла во приватна лондонска болница во Харли Стрит. Нејзиниот претставник за медиумите изјавил дека нејзината состојба не е сериозна, животот не и е во опасност и дека наскоро ќе се врати дома.
Во истата болница пејачката била и минатата година поради зголемување на градите. Дали сега во прашање е грип или некој друг хируршки зафат на пластичните хирурзи ќе дознаеме кога Ејми ќе ја напушти клиниката.