Претставникот за медиуми на проблематичната пејачка Ејми Вајнхаус, Крис Гудман, изјавил дека дваесетиседумгодишната пејачка го започнала своето лечење за да биде спремна за европската турнеја која ја чека ова лето.
Гудман вели дека Ејми во болница ќе остане по совет од лекарите, но не е познато на каков третман ќе биде изложена во клиниката “Прајори“ која се занимава со лечење на психијатриски проблеми и зависности од алкохол и дрога.
Нејзиниот прв албум “Back to Black” од 2006 година и донесе светска слава, но проблемите кои ги имаше со законот и дрогата, ја ставија во сенка.