Англискиот магазин „Пипл“ објави дека Ејми Вајнахус која беше пронајдена мртва вчера попладне, во својот дом во северен Лондон, ја убил „масивен коктел“ од кокаин, хероин, екстази и анестетикот кетамин.

Извори од магазинот тврдат дека Вајнхаус била видена како во петокот по 22.30 часот од своите дилери ги купува наркотиците.

Инаку, анестетикот кетамин има широка употреба во медицината и ветеринарството но се злоупотребува и како наркотик а неговата хронична употреба најчесто доведува до проблеми со помнењето. Најчеста е мешавината на кетаминот и кокаинот наречена „ЦК1“.

Доцна синоќа Џенис Вајнхаус, мајката на починатата пејачка, рече дека верувала дека смртта на нејзината ќерка била „само прашање на време“ а последен пат се виделе 24 часа пред трагичната смрт, објави Дејли меил.

Лондонската полиција синоќа соопшти дека нема да ги коментира наводите дека Ејми починала од прекумерната доза наркотици. Нејзиното тело е пратено на обдукција а првите резултати се очекува да бидат познати денеска, додека токсиколошките наоди ќе бидат објавени за неколку дена.

Британските медиуми наведуваат дека Ејми била неутешна по прекинот на врската со последното момче Рег Тревис , минатиот месец.

OhridNews
извор: Makfaks