Новата книга за Ејми Вајнхаус „Нераскажана приказна“ од перото на Клои Гован, донесува шокантно тврдење, дека починатата пејачка прв пат сакала да се убие кога имала десет години, кога нејзиниот татко Мич ја оставил нејзината мајка Џенис поради друга жена.

Авторката открива дека Ејми, која според официјалната верзија починала од алкохол, била толку очајна поради разводот на нејзините родители, што се оддала на наркотици, таблети и алкохол. Во меѓувреме, градските власти на Лондон дале зелено светло за тоа во Камден, каде што пејачката живеела, да се постави нејзина бронзена статуа во природна големина.