Таткото на починатата пејачка Ејми Вајнхаус изјавил дека таа умрела од напад предизвикан од детоксикацијата од алкохол и дека во нејзината крв имало траги од препишаниот лек „Либриум“. Пејачката била пронајдена мртва во својот стан во Лондон на крајот на јули. Таа со години мала проблеми со алкохолот и дрогата.


Токсиколошкиот извештај покажал дека имало алкохол во нејзината крв, но за сега не се знае дали тоа била причината за смртта. Ејми Вајнхаус имала 27 години кога починала. Нејзиниот татко Мич изјавил дека неговата ќерка не користела дроги веќе две и пол години, но и дека се борела со алкохолизмот. Тој додал дека во нејзината крв имало „Либриум“, лек кој се користи против анксиозност и симптоми на алкохолизам.