По фијаското кое го доживеала на концертот во Србија, проблематичната британска пејачка Ејми Вајнхаус откажала дел од европската турнеја. Портпаролот на звездата изјавил дека Ејми ќе ги откаже концертите во Истамбул и Атина. Тој додал дека Ејми жали што ќе ги разочара грчките и турските фанови кои очекувале да ја видат, но и дека чувствува дека тоа е токму она што треба да го стори.


Портпаролот долдал дека Ејми ќе се врати дома откако се сложила со менаџментот дека не може да настапи најдобро што може. Вајнхаус, која се бори со зависноста од дрога и лекови, била исвиркана од српската публика за време на настапот во Белград. Таа се тетеравела по сцената, нечисто ги изговарала текстовите и неколку пати ја напуштила бината.