Пејачката Ејми Вајнахаус наводно ќе добие улица во северниот дел на Лондон, а нејзиното семејство го прифатило овој предлог на локалните власти, соопштиле британските медиуми. Таткото на починатата пејачка рекол дека идејата била неверојатна, а неодамна потврдил дека неговата ќерка ќе добие споменик во лондонскиот крај Камден.

Исто така наското ќе биде снимен и документарен филм за покојната соул пејачка. Таа умрела во 2001 година на 27 години од труење со алкохол, а последниот концерт го одржала во Белград.