ЕХО Фестивал на планински филм по 6ти пат во Охрид. Во соработка со Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12 вљубениците во природата и планината ќе можат да уживаат во 2-дневен настан, со селекција на филмови од последното издание на ЕХО, како и неколку презентации.

На 11 декември, понеделник, со почеток во 19:00 часот ќе биде одржана видео презентација „5 години 5до12“, ќе биде претставена најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, како и филмовите „Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија и „До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада.

Од  21 часот ќе се прикажат филмовите „Чангабанг: Враќање на Светлечката планина“, Ник Ковалски, Нов Зеланд и „Илузија за изобилство“, на Ерика Гонзалес Рамирез / Мати Лиетарт, Белгија.

На 12 декември, вторник, од 19:00 часотќе биде одржана презентација на АК Патагонија, како и филмовите „АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, и  „Момците на мостот“, Ник Розен/Питер Мортимер, САД.

Од 20:45 часот ќе бидат прикажани филмовите „Над земјата, под ѕвездите“, Марк Марфи, В. Британија, „КМ 82: Гласот на носачите на Камино Инка“, Маринел де Хесус, САД, и „Едланже: слобода на врвот на прстите“, Нилс Мартин, Франција.

Програмата ќе биде реализирана во просториите на центарот на Планинската Спасителна Служба.

OhridNews