Со селекција од својата победничка фестивалска програма на последното 12то издание, Планинскиот Филмски Фестивал Ехо ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија. Започнуваат од Охрид.

Во соработка со Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12 ќе организираме дво дневна филмска програма и 4 презентации. 10 и 11ти Ноември, 18:00 – 22:00 часот во просториите на центарот на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, информираат организаторите.

Најавуваат дека деталната програма ќе биде објавена во следните денови.

OhridNews