Во рутинска посета на салата „Билјанини извори“ допатува комисијата на Европската ракометна федерација  во состав Јан Туик, потпретседател на Извршната комисија на ЕХФ и претседател на Натпреварувачката комисија, Моника Фликседер (сениор менаџер) и Саша Мартел (ЕХФ Евентс).

Ова е прва од последните три комисии кои ќе дојдат во Охрид во претстојните 30 дена. Оваа комисија беше дојдена за финална консултација, односно прецизирање на главно технички детали околу просториите во кои ќе работи ЕХФ за време на Европското првенство во ракомет за жени,(2-14 декември) чиј домаќин е и Охрид.

–  Подготвени се  25 коментаторски места, како и 40 места за пишаните медиуми. Остануваат уште да се реазлизираат ситните работи. Голмите зафати, она што се обврзавме ние како ЈП и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, да го направиме е завршено – вели Иван Цветкоски директорот на ЈП Билјанини Извори.

Претстојните 25 дена до стартот на првенстовото ќе минат во исполнување на ситни побарувања и прецизирање на деталите.

М.П.