Македонскиот преставник во ЕХФ Купот, Вардар Про не успеа да ја анулира негативата од три голови (30-27) по првиот натпревар одигран во Германија. “Црвено црните“ го совладаа Магдебург со 28-26 и останаа дефицитарни за еден погодок кој ќе ги однесеше во групната фаза.

Ракометарите на Вардар имаа се во свои раце и вината за елиминацијата треба да ја бараат во своите редови.

Во 59-та минута со ракометар повеќе при резултат (28-25) кој ги водеше во понатомшните натпреварување Вардар не реализираше напад.

“Црвено црните“ во последниот напад одиграа недопустливо слабо во одбраната. Ракометарите на Магдебург најдоа пукнатина и постигнаа гол, кој значеше крај на европскиот сон на Вардар.

Мх.П.
Фото : “Екипа.мк“