Европската куќа на ракометот (ЕХФ) на голема се подготвува за двете меѓусебни пресметки на Металург и Вардар во Лигата на Шампиони.
Македонските ракометни гиганти натпреварите ќе ги одиграат во десет дена, а ЕХФ ќе прати посебен набљудувач за организација на мечевите. Во Скопје „домаќин“ ќе биде белгискиот комесар Клаус Дитер Конвенц, кој ќе има и тоа како тешка задача.
Играњето на домашен терен на Вардар и Металург преставува празник не само во Македонија него и во Европа бидејќи никој од тимовите не може да се пофали со толкава бројка на посетеност.
За да се избегнат несакани последици на трибините и на паркетот ЕХФ пред време ќе ги организира навивачите кои во „Борис Трајковски“ по играчите ќе го имаат главниот збор.
Мх.П.