Охридската спортска сала помина и на последниот рентген, на претставниците на Европската ракометна федерација кои заедно со шефовите на делегации викенедов беа во посета на Охрид.
Директорот на натпреварувачката комисија при ЕХФ, холанѓанецот Јан Таик, кој беше дел и од првата посета по која салата доби зелено светло, задоволно коментираше за отстранетите забелешки.
– Работите напредуваат. Задоволен сум од антидопинг просторијата, прес центарот, малата сала. Отстранети се голем дел од забелешките и не гледам никакви причини да не дојдеме до финалната фаза, изјави Таик.
Како по правило, луѓето од ракометната федерација и понатаму незадоволни од темпото како се одвиваат работите. Генералниот секретар Начески напомена дека треба уште доста да се работи за да се стигне до евро – стандардите
– Се работи за ситници, но мора салата да се доведе до фаза да заличи на едно европско првенство каде стандардите се многу поголеми. Охрид мора да изнајде сили сето тоа да се среди пред се заради имиџот на државата и на самиот град, вели Начески.
Потпретседателот на Локалниот Организационен Комитет, Директорот на ЈПССО, Иван Цветковски ги прифати ситните забелешки како добронамерни и потврди дека приоритетни се поголемите зафати.
– Дополнителниот простор за работа на медиумите е приоритет број еден. Се надевам дека од Македонска телевизија за брзо време ќе не посетат и заеднички ќе направиме план како да го засилиме осветлувањето да биде на едно ниво на Европско првенство во ракомет со што ќе ги отстраниме и последните забелешки на ЕХФ, вели Цветкоски.
Покрај посетата на спортската сала делегациите вчера ги посетија и хотелските капацитети во Струга и Охрид каде ќе бидат сместени репрезентациите учеснички на ЕП.
Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Водно-Санс од Скопје Натпреварот се игра во недела, 9 март, со почеток во 17 часо...
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес од 12 часот кај Аждер, а на денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската са...
Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула Наша задача е добро да се подготв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.