Европската куќа на ракометот (ЕХФ) повторно го одложи завршниот турнир во Лигата на Шампиони и го закажа за крајот од оваа година.
Првиот термин одреден на почетокот на сезоната 30 и 31 мај беше одложен поради коронавирусот кој го стопираше ракометот во Европа. На вондреден состанок беше донесена одлука да се игра на 22 и 23 август, но и тој термин беше одложен.
Новиот термин е 28 и 29 декември. ЕХФ информираше дека купените билети ќе важат за декемвриското издание на Ф4 турнирот, а симпатизерите имаат опција да си вратат парите.
Се уште не се знае дали, како и кога ќе се одиграат осминафиналните и четвртфиналните натпревари кои треба да ги дадат патниците во Ф4. Помеѓу екипите учеснички во ТОП 16 е Вардар, кој е бранител на титулата.
OhridNews