Ракометната репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за Европското првенство, кое идниот јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ривалите во групната фаза ќе ги дознаат в четврток во 17 часот, за кога е закажан ждрепката.
На Европското првенство ќе настапат 24 селекции поделени во 6 групи по 4 репрезентации. По две од секоја група одат во главната фаза од натпреварувањето.
Финалниот викенд е планирано да се одржи во Будимпешта со мечот за златото предвиден на 30 јануари 2022 година.
- Распоред на шеширите:
Шешир 1: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: Словачка, Македонија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, БиХ и Литванија
OhridNews